Основан Израелско-македонски бизнис-клуб

Bez autora
Mar 08 2011

Заради унапредување на економската соработка, вчера во Скопје е основан Израелско-македонски бизнис-клуб. На основачкото собрание се избрани надзорниот одбор, управниот одбор и извршниот директор на клубот. Засега има триесетина компании, главно од Македонија, кои работат со Израел или имаат во сопственичката структура израелски капитал. Идејата за формирање на бизнис-клубот е стара една декада. Kлубот ќе се етаблира и ќе почне да работи со видливи резултати. Очекува да се приклучат многу повеќе компании. Целта, како што истакна претседателот на Основачкото собрание, Огнен Оровчанец, е унапредување на меѓусебна соработка на членовите на Бизнис-клубот во Македонија и Израел и заеднички настап секаде каде што има заеднички интерес.

Основан Израелско-македонски бизнис-клубЗаради унапредување на економската соработка, вчера во Скопје е основан Израелско-македонски бизнис-клуб.

На основачкото собрание се избрани надзорниот одбор, управниот одбор и извршниот директор на клубот. Засега има триесетина компании, главно од Македонија, кои работат со Израел или имаат во сопственичката структура израелски капитал.

- Идејата за формирање на бизнис-клубот е стара една декада - вели претседателот на Управниот одбор, Дејан Дејанов, а за нејзина реализација помогнаа некои од сегашните членови на органите на Клубот.

Според Дејанов, клубот ќе се етаблира и ќе почне да работи со видливи резултати. Очекува да се приклучат многу повеќе компании. Целта, како што истакна претседателот на Основачкото собрание, Огнен Оровчанец, е унапредување на меѓусебна соработка на членовите на Бизнис-клубот во Македонија и Израел и заеднички настап секаде каде што има заеднички интерес. Според израелскиот амбасадор во Македонија, Давид Коен, Бизнис-клубот ќе придонесе економската соработка да ги следи добрите политички односи меѓу Македонија и Израел.

- Потенцијал за соработка има во сите сектори - рече Коен и информира дека се водени и официјални разговори за склучување договори за заштита на инвестициите и одбегнување на двојното оданочување.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik